Автобус со млади кошаркарки падна во канал


Вчера околу 19.30 часот автобус со женската кадетска екипа на Раднички од Крагујевац слетал од патот и паднал во канал.

Полесно се повредени четири кошаркарки како и мајка на една од кошаркарките. На повредените им е укажана помош во болницата во Ваљево, а потоа се пуштени дома. Во автобусот биле 13 кошаркарки, тренер и тројца родители.udes-noc-(2)_620x0

Сообраќајката се случила кај селото Жупаија кај Шабац. Мештаните притрчале на помош на кошаркарките и веднаш ги сместиле во нивните топли домови.

Според првичната истрага автобусот се лизнал на кривина.

Кошаркарките од Раднички играле натпревар од првенството во Шабац.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1