Автобуската станица во Скопје оди на оглас


Истекува договорот на приватното претпријатие „Руле турс“ со Град Скопје за закуп на автобуската страница во Скопје, најфреквентната транзит точка во државата. Градот во наредниот период ќе распише оглас за фирми кои би биле заинтересирани да стопанисуваат со автобуската станица во наредните 15 години.

avtobuska

Основен критериум за избор на фирмата ќе биде највисоката понуда, при што почетната цена за закуп не може да биде помала од 170 милиони денари (2,76 милиони евра).

Договорот со „Руле турс“ истекува во март наредната година, а Градот во следниот период ќе отпочне постапка за давање под закуп, со цел да се запазат роковите. „Руле турс“ стопанисува со автобуската станица веќе десет години, почнувајќи од 2005 година, додека следната концесија ќе биде со времетраење од 15 години.

Оваа автобуска станица е најголема во Македонија, спроведува најголем број на возни редови и нјаголем број меѓународни линии кон повеќе од 12 европски држави.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1