Едно лице е убиено и е предизвикана материјална штета, по експлозијата на автомобил во Берлин, соопшти германската полиција.
Експлозијата се случила додека возилото се движело.
Според изјави на сведоци кои се затекнале на улицата, од силината на експлозијата автомобилот се кренал во воздух.
Полицијата испитува дали има експлозив и во другите возила во околината.
Нема податоци за убиениот возач, ниту за самиот напад. Не се знае дали станува збор за терористички напад или пак за напад врз возачот, поради причини што истрагата на полицијата сега треба да ги открие.
Безбедносните сили го блокираа целиот кварт каде експлодира возилото, а на луѓето кои живеат во тој дел од Берлин им е наредено да останат дома и да не ги отвораат прозорците.