Грчките хуманитарци со летоци ги упатуваат мигрантите на тајни премини кон Македонија (ВИДЕО)


Според последните информации од јужната македонска граница, мигрантите се вратени на грчка територија. Притоа, македонските власти привеле и 80-тина претставници на странски медиуми, кои незаконски со мигрантите ја преминале границата, објави МРТ.mapa

Грчки невладини организации ги насочувале мигрантите од импровизираниот камп кај граничното село Сехово кон македонската граница, при што им биле делени и флаери со мапи, по кој пат да се заобиколи двојната заштитна ограда.

За ова јавуваат повеќе странски медиуми, нагласувајќи дека грчките полициски власти не го спречиле обидот на околу 2 илјади мигранти за влез во земјава.

Flucht geht weiter Richtung Mazedonien

Posted by Paul Ronzheimer on Monday, 14 March 2016

Според последните информации од јужната македонска граница, мигрантите се вратени на грчка територија. Притоа, македонските власти привеле и 80-тина претставници на странски медиуми, кои незаконски со мигрантите ја преминале границата. Тие се казнети со 500 евра глоба и забрана за известување од 6 месеци.

Македонските безбедносни сили ги зајакнаа мерките, особено на илегалните гранични премини. Сепак, граѓаните од пограничните македонски села стравуваат за својот имот и живот, поради користењето на алтернативните патишта на бегалците кон ЕУ.

Според упатствата од летокот, мигрантите добиваат совет да тргнат во што поголем број, наместо во групи, зашто, како што се вели, на тој начин полицијата и војската не можат да ги запрат. Исто така, се објаснува дека жичената ограда е долга само пет километри и дека после тоа границата може да се помине слободно.

Share Button

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1