СООБРАЌАЈКА КАЈ ХОТЕЛ „РУСИЈА“: Згмечени два автомобила и тројца повредени (ФОТО)


На улицата „Васко Карангелевски“, во близина на училиштето „Ѓорѓија Пулевски“, се случи тешка сообраќајна незгода во која учествува два патнички возила марка „ауди“ со скопски регистарски таблички и „поло“ со гостиварски таблички.12842462_10209255060072238_1876375664_o

Од МВР информираат дека незгодата била пријавена во 11 часот и 20 минути, но причините за сообраќајката засега се непознати.

Во оваа незгода со повреди се здобиле три лица, од кои едно е префрлено во Ургентниот центар „Мајка Тереза“, а две се во клиниката „Св. Наум Охридски“.

Екипа на МВР е на местото на настанот каде што во моментов се врши увид.

12842462_10209255060072238_1876375664_o 12674853_10209255059152215_1989546951_o 12789672_10209255059472223_408354833_o

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1