Автомобил излетал од магистралата Гостивар-Кичево, три лица тешко повредени


Дваесет годишен возач и двајца сопатници се тешко повредени откако попладнево, возилото со кое патувале, излетало од коловозот на магистралата Гостивар – Кичево, во близина на Здуњски мост.

soobrakj skopje
Според првичните сознанија на полицијата, возилото со кое управувал Х.П. (20), околу 16 часот и 20 минути, најверојатно поради неприлагодена брзина, излетало во околните ниви и неколку пати се превртело.

Во сообраќајната несреќа освен возачот, кој од здобиените повреди е во животна опасност и е пренесен на скопските клиники, на лекување во гостиварската болница се здржани и В.П. (18) и Б.И. (44), сите од гостиварското село Мирдита.
Според СВР Тетово, возилото е многу оштетено, а за да се извлечат повредените, била ангажирана и екипа на противпожарната единица.
Во тек е увид од страна на истражен судија, јавен обвинител и екипа на СВР Тетово.

МИА

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1