Го бутнала под воз само зошто мрзела муслимани (Видео)


Јавното обвинителство во Њујорк соопшти дека морничавиот случај во четвртокот, кога жена усмрти човек туркајќи го шините на метро станица во населбата Квинс, во момент кога доаѓал воз, јави дописникот на МИА од САД.

abc_train_suspect_dm_121228_wg

Обвинителот Ричард Браун изјави дека полицијата ја уапсила извршителката, која признала дека го извршила убиството. Ерика Менендез изјавила дека нападот го извршила мотивирана од омраза кон муслиманите и хиндусите.

Убиениот, Сунандо Сен, бил хиндус. Очевидците велат дека Менендез го следела Сен, се вртела околу него и зборувала сама со себе.

Во моментот кога возот пристигнувал на станицата, таа го турнала на шините, каде немал можност да го избегне возот. Менендез веднаш побегнала од станицата, но била пријавена од страна на минувачи на улица кои ја препознале преку објавениот фото-робот, по што сведоци на убиството го потврдиле идентитетот. Менендез во полиција рекла дека ги мрази муслиманите и хиндусите од нападите врз Њујорк во 2001 година. Убиениот Сен (46) бил графички дизајнер кој водел дуќан за изработка на постери.

Њујоршкото метро во септември беше критикувано за исламофобија, откако градските власти го прифатија барањето на произраелската активистка Памела Гелер да закупи рекламен простор во метрото и да објави постери во кои го употребува зборот дивјаци за противниците на Израел.
Убиството на Сен е втор ваков напад во текот на месецот. На почетокот на декември, бездомник го уби 58 годишниот Ки-Сук Хан, на идентичен начин.

Се бара жена убиец – турнала маж под воз во метро (Видео)

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1