Автомобил со малолетници излетал од пат – возачот немал дозвола


Малолетен кочанчанец се бори за живот по сообраќајната несреќа која утрово околу 5:15 часот се случила на регионалниот пат од Пониква кон Кочани.

soobrakjajkaСпоред МВР, несреќата се случила кај месноста викана Бела земја, кога автомобил „Голф“ со кочански регистрации, зад чиј волан бил 17 годишен кочанчанец без возачка дозвола, излетал од патот.
Со него во автомобилот биле четворица седумнаесетгодишници од Кочани. Возачот и тројца од сопатниците поминале со полесни телесни повреди, додека четвртиот сопатник заработил тешки повреди и е пренесен на скопските клиники.

Полицијата извршила увид на местото на несреќата.

Ова е втора сообраќајка за една недела на овој пат. Пред една недела таму загина трудница.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1