Автомобил влета меѓу голем број луѓе кои уживаа на плажата во познатото туристичко место Кушадаси во егејската покраина Ајдин, при што загина едно лице а четири други се повредени.
Возачот на автомобилот, кого медиумите го идентификуваат како 84-годишен локален жител, ја загубил контролата над возилото и излетал од патот, пренесува агенцијата Доган.
Автомобилот влетал во луѓето кои се сончале и пливале на плажата пред да заврши во морето.
Во инцидентот загинал 31-годишен турски државјанин, а покрај сопругата на возачот повредена е и уште една повозрасна жена и двегодишно дете.
Повредените се однесени во блиската болница, додека автомобилот е извлечен од морето по неколку часа, по завршувањето на увидот. Турските власти отворија истрага за инцидентот.