Автомобилот со полскиот претседател во ендек, нема повредени


Во несреќа на автопат службениот автомобил во кој бил полскиот претседател Анджеј Дуда во петокот слетал од коловозот и завршил во ендек покрај патот, но за среќа немало повредени.polski pretsedatel soobrakjajka

Инцидентот, според сознанијата на медиуми, се случил поради дупната гума на возилото, а претседателот Анджеј Дуда за полската телевизија TVN24 изјавил дека во незгодата никој не бил повреден.

Полицијата покренала истрага за околностите во кои се случила незгодата. Според некои експерти, наведува полската телевизија, наводно е сомнително тоа што со пукнатата гума возилото излетало од коловозот.

Телевизијата TVN24 на својата интернет страница објави снимки како претседателскиот BMW, возејќи во колона со придружбата, излетува од автопатот, а исто така се шпекулира дека всушност станува збор за грешка на возачот.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1