Дупката за објектот кој треба да се гради започнувала веднаш зад оградата каде е паркингот во населбата Ново Лисиче веднаш до полициската станица. Автомобилот кој пропадна беше паркиран веднаш до оградата на градилиштите. Бидејќи оградата е многу висока не може да се види дека дека дупката започнува каде е оградата.
До доцна во ноќта 2 пајак возила го извлекуваа автомобилот, а екипи денеска цел ден ја санираат дупката и ја испумпуваат водата. На фотографиите се гледа и една пукната цевка која ја закачил автомобилот при пропаѓањето. Поради безбедност доцна ноќеска повеќе од 1 час граѓаните во овој реон беа без струја, а повисоките места и без вода.
А еве како беше вчера –
Ужас: Пропадна земјата во Ново Лисиче – ги повлече автомобилите на паркингот (Фото/Видео)
Фото – Нет Прес