Баба оживеа по 11 часа во мртовечница


Полските медиуми јавија дека една 91-годишна жена од Полска ги изненади вработените во локалната мртовечница кога 11 часа откако беше прогласена за мртва, почнала да се движи.

Пред една недела бабата Јанина Колкјевич семејството ја пронајде дома без видливи знаци на живот, а лекарката која била повикана на самото место констатирала смрт.mrtvacnica

Јанина, сепак, 11 часа подоцна се разбудила во ладилникот на мртовечницата. Докторката која ја потпиша посмртницата изјави дека била сигурна оти е мртва.

– Вџашена сум, не разбирам што се случи. Таа немаше пулс и не дишеше.

Внуката на Јанина пак вели дека нејзината тетка не знае што се случило со неа, затоа што боледува од напредна деменција.

– Кога ја донесовме дома, рече дека се смрзнува и побара филџан топол чај, рече внуката.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1