Македонија земја на врколаци – Вистина или бугарска пропаганда


Череп кој потсетува на врколак е најден во близина на Ново Село во Македонија, ова го тврди бугарскиот историчар Филип Ганев за списанието „Енциен ориџинs“ (Ancient origins).

Според приказната на Ганев, черепот го нашол земјоделецот Трајче Драганов додека орал нива кај Ново Село. Черепот бил во дрвена кутија и му заличел на череп од врколак. Драганов му кажал на историчарот дека неговите соселани се плашеле поради тоа што го открил врколакот и дека тој ќе им се одмазди, пренесува Канал5.

makedonija vrkolak

Драганов изјавил дека митовите во неговиот крај зборувале како сите деца кои се родени со коса можеле да станат врколаци доколку за тоа дојде време.

Историчарот Ганев пак раскажува дека врколаците биле познати во средновековната митологија на Балканот, а нивното уништување често го изведувале свештеници со егзорцизам (уништување на духови).

Потоа телото на врколакот било обезглавувано и се палело телото. Се сметало дека врколаците треба да бидат убиени во сабота бидејќи само тогаш лежеле во гробот и можеле лесно да бидат фатени. Кога станува збор за врколакот најден во Ново село, по се изгледа тој бил убиен според верувањата, тврди Ганев  во својот напис.makedonija vrkolak2

Сепак кога го однел черепот во Бугарија и го покажал на биолози и зоолози тие му кажале дека черепот веројатно е од волк кој боледувал од Паџетова болест. Таа болест предизвикува ширење на черепот и набабрување на коските на черепот со што доаѓа до деформација на главата.

Во написот не пишува за кое Ново Село во Македонија станува збор но може да се насети дека Ганев бил во струмичко Ново Село каде го открил македонскиот врколак додека истражувал гробници и локации на битки од Балканските војни.

Кога Канал 5 се обиде да го најде телефонскиот број на земјоделецот кого Ганев го опишал како роден Бугарин Трајче Драганов, во телефонскиот именик го немаше, а ниту на информативната служба на телефонските именици ни одговорија дека во струмичко нема ниту еден Драганов.

За написот не разбрале ниту во општина Ново Село каде потврдија дека во нивната општина не познаваат никој кој што се презива Драганов и дека таквото презиме е карактеристично за Бугарија. Уште повеќе ги зачуди приказната за врколакот затоа што никој не ја слушнал.

Сега се поставува прашање само за измислена пропагандна приказна или за доказ за легендарното суштество врколак. Инаку, черепот бил најден во заклучен сандак на кој на бугарски пишува „внимание, опасност, врколак“.

Share Button

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1