Баба престана да пуши на 102 години и тоа не поради здравје туку да не направи пожар


Никогаш не е доцна – Клара Кауел од Ленкешер, Велика Британија престана да пуши цигари една недела пред нејзиниот 102 роденден.

klara-kauel-pusenje-1361609489-272241Таа пушела уште од 1931 година, и вели испушила околу 60 илјади цигари и тоа не и штетело, дури сметала дека и помага.

,,Тајната на долговечноста на мајка ми се крие во цигара со чаша виски, многу работа и сиромаштија,, – изјавила нејзината ќерка Линда.

Бабата не престанала да пуши бидејќи се грижела за здравјето, или чуствувала некои здраствени проблеми туку ја наговориле нејзините деца, бидејќи стравувале во момент на невнимание да не предизвика пожар.

Кауел покрај четири деца, има девет внуци, 12 правнуци и четири пра-правнуци.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1