На едно од пророштвата на Баба Ванѓа деновиве потсети бугарскиот режисер и политички активист Нидал Алгафари, по татко Сириец, по мајка Бугарин. Во ексклузивното интервју за магазинот „Шоу“ тој изјави дека почнува да верува дека очигледно ќе дојде и тој момент.
– Веќе се случува! – рече Алгафари.
Подзаборавеното творештво на Баба Ванѓа е директно поврзана со светскиот конфликт во Сирија и иднината на Бугарија.
– Многу ме загрижува предвидувањето на Ванѓа пред повеќе од 40 години. Kога ја прашале кога ќе се исправи Бугарија, таа одговорила: „Kога Сирија ќе падне!“. Пред две години ова воопшто не можев да го замислам. Kако може една држава како Сирија да падне?! Сега сепак почнувам да верувам дека очигледно ќе дојде и тој момент. Тоа веќе е факт, веќе се случува – вели – Алгафари.
Вангелија Пандева-Димитрова попозната како Баба Ванѓа е родена на 31 јануари 1911 во Струмица, а починала на 11 август 1996 година во Петрич. Била позната јасновитка. Најголем дел од нејзиниот живот го поминала во регионот Рупите на планината Kожуф во Пиринска Македонија, Бугарија. Верниците велат дека предвидувала, претскажувала, разговарала со цвеќиња и ментално можела да посети различни места на земјава. Го знаела точниот датум на својата смрт. Претскажала дека нејзината дарба ќе ја наследи 10-годишно слепо девојче од Франција. Ја посетиле многу познати политичари, меѓу кои и Хитлер. Излегол видно вознемирен од нејзината куќа, а таа сепак останала жива.
Инаку личните работи на јасновидката деновиве се вадат од нејзината куќа поради реставрација – но се појави и спор кој има право да ги изложи нејзините предмети.
Повеќе за случувањата околу куќата на Баба Ванга на следниот – ЛИНК