Бабите знаат како – совети за по дома


babaЧистењето ренде

По рендањето сирење или моркови, рендете најлесно ќе го исчистите ако потоа изрендате стар подзасушен леб.

Путерот да не загори

За да не ви загори путерот, кога го загревате на оган, во тавата пред тоа додадете малку масло, а потоа путерот.

Маслото да не потемни

За маслото да не ви потемни, во тавчето ставете неколку чепкалки и по неколку секунди извадете ги.

Да се освежи уморната кожа

Ако кожата на лицето ви е уморна и свената, лесно можете да ја освежите. Измешајте 20 гр. свеж квасец со 2 лажици вода и со таа каша премачкајте го лицето. При тоа, нежно масирајте го неколку минути. Оставете кашата од квасец да се исуши, потоа измијте ја со млака вода. Ќе бидете изненадени од резултатот.

Средтсво за чистење дамки

Доколку измешате три дела 90% алкохол и еден дел вода, ќе добиете совршено средство за чистење дамки од ликер, шеќер и црно вино. Но, доколку во алкохолот додатете и бел оцет, успешно  ќе ги исчистите дамките од кафе и чај.

Повеќе сок од лимон

Подзасушен и тврд лимон полесно ќе се исцеди, доколку набрзина го натопите во врела вода. Потоа, на работната маса, се валка како тесто. Ќе се изненадите колку сок ќе истиснете од лимонот.

За посна супа

Повеќето маснотија, од сварената супа, може да се отстрани доколку ја оставите да се олади, а потоа извесно време да се остави во замрзнувач. Повеќе маснотија ќе се нафати на површината, што потоа лесно ќе ја соберете.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1