Baby аларм снимил вонземјанин како ѕирка во куќата (Фото)


Австралијанката Џуди која живеела веднаш до нејзината 89 годишна мајка, успеала да забележи на мини камерата која што ја поставила во нејзиниот дом (со цел да ја проверува од време на време дали е добро), вонземјанин кој што стоел на прозорот од нејзината куќа.


alien baby monitor„Камерата која што ја поставив во кујната на мојата мајка е мала, но ефикасна и ми врши работа кога ќе сакам да проверам дали нешто и е потребно, дали е во ред, или пак да нешто не и се случило. Не ја надгледувам постојано, туку од време на време. Кога ја уклучив на 24 март 2013 година, таа си седеше на фотелјата гледајќи телевизија, а позади неа покрај прозорот од надвор забележав како ја набљудува вонземјанин.

Немаше ништо во нејзиниот салон во близина на прозорецот што би можело да предизвика ваков одраз. Веднаш излегов да проверам што може да биде, но не најдов ништо.

Со мене беше и моето куче кое се обидуваше да намириса нешто чудно околу таа област. Но, немаше ништо. Сепак во текот на ноќта морав да ја изнесувам шест пати да оди по надвор, а во изметот забележав крв. Моите првични мисли беа дека станува збор за радијација од самиот вонземјанин, затоа што досега моето куче немаше ваков проблем“, вели Џуди.

alien baby monitor 3

alien baby monitor 2

alien baby monitor

Љубиша Владимиров

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1