„Бадијала“ цени на плажите во Албанија – Кафе 25 денари, овошје 45 денари!


Вистинско „џабе“. Вака туристите кои оваа година се вратија од летувалиштата во соседна Албанија ги опишуваат ецните кои ги нуди нашиот западен сосед.

plaza3Прекрасна и свежа морска храна, извонредни италијански специјалитети и диви и недопрени плажи. Во делот околу Валона плажите се карпести, односно нема песок туку крупни камчиња.

Затоа пак, морето е неверојатно чисто, а дното можете да го видите и на огромни длабочини. Валона се наоѓа на околу 180 километри од граничниот премин Ќафасан. Патиштата се подновени, па возењето е веќе не е проблем како пред неколку години.

Доколку сакате ситен песок, тогаш препорака е да одите во Саранда. Ова место е на 7 километри воздушна линија преку морето оддаллечено од Крф, во Грција. Од граничниот премин Ќафасан е оддалечено помалку од 350 километри, но патот, особено последните 150 километри се малку потешки за возење.

Кога сме кај цените, Албанија дефинитивно нема конкуренција.

Кафе кај западниот сосед чини околу 60 леки или 25 денари, а исто толку ќе треба да платите и за шишенце вода. Иста цена се и освежителните пијалоци. Доколку сакате да појадувате во хотел, цените на појадоците се движат меѓу 300 и 500 леки или од 130 до 220 денари по човек.

Килограм овошје, во зависност од тоа што сакате да купите чини меѓу 45 и 90 денари. Една топка сладолед во летувалиштата во Албанија се продава за околу 20 денари.

Сместувањето, во зависност од тоа за кое место ќе се решите и каков хотел ќе изберете се движи од 20 евра дневно за изнајмување на апартман од средната класа па нагоре.

Албанските власт најавуваат дека оваа година очекуваат значително поголем број туристи. Албанскиот туризам во последните години засилено се развива а во последните неколку години бројот на туристи е двојно зголемен.

Sitel

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1