Багажник усмрти пешак- бизарна несреќа во Крива Паланка


Едно лице го загуби животот во сообраќајна несреќа што се случи  на магистралниот пат Крива Паланка – Куманово во атарот на селото Конопница.police-lenta-500

СВР Куманово информира дека несреќата се случила кога на автобус со скопски регистарски таблички управуван од 52-годишниот Љ.Ј. од кривопаланечкото село Конопница, што се движел во насока кон Куманово, му се отворил капакот од багажниот простор и го удрил пешакот Милан.С, кој се движел покрај патот.

Од здобиените тешки телесни повреди, 76-годишниот Милан С. починал на самото место, констатирале лекарите од Медицинскиот центар во Куманово.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1