Голем пожар беснее во скопски Карпош – кај Имес 6 пожарни


Според првичните информации повеќе противпожарни возила вечерва се упатени на улицата Илинденска поради голем пожар во кој се опфатени повеќе бараки во близина на ресторанот Имес.

ilindenskapozar

Шест противпожарни возила во моментов го гасат пожарот во близина на ресторано Имес во скопски Карпош, велат очевидци за Press24. Од скопската Противпожарна служба велат дека интервенираат на запалени неколку бараки кои служеле како магацински простор околу споменатиот ресторан. Пожарникарите се уште се справуваат со пожарот. Првичните информации се дека освен материјална штета нема човечки жртви. Се уште не се знае како избил пожарот и кои се причините.

Foto – Sitel

 

 

 

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1