Со години веќекружат митови што значи песната „442 до Београда“, а Бајага одлучил да ја реши мистеријата, пишува српски „Телеграф“.
Едни мислат дека тоа е оддалеченоста помеѓу Белград и Скопје кои се оддалечени приближно 442 километри., други дека тоа има врска со Загреб, но тоа е малку веројатно, бидејќи реалната релација е околу 390 километри., трети со локомотивата ЈЖ 1 442 001 која на пругата Белград-Загреб … Бајага има сосема поинакво опбјаснување кое што не го очекувавме.
Иако сето ова делува логично, ништо од тоа, всушност, не е точно.
Бајага слатко се насмеал кога го прашале за што станува збор.
– Бројот 442 не се однесува на никаква конкретна оддалеченост и тука не постои никаква симболика. Вистина е дека е приближна километражата до Скопје или до Сараево, но тоа не ми беше во глава кога се одлучив за тој број. Го зедов овој број бидејќи сакав да наведам некоја поголема дестинација, а не само 20 километри, а овој број совршено се римуваше – појаснил насмеаниот Бајага.