Бактерија стафилокока во мајонез, била причината за масовното труење на виничани


Стафилококна бактерија во мајонезот е причината за масовното труење од виничката сендвичарница. Лабораториските анализи во Центарот за јавно здравје Кочани покажале и присуство на фекални бактерии во мајонез салатата, соопштија од агенцијата за храна и ветеринарство.

– Добиените резултати од лабораториските испитувања укажуваат на ниско ниво на одржување на хигиената во објектот, на работните површини и на личната хигиена на вработените, како и на чување на суровините. Присуството на стафилококни бактерии, според наодот од испитувањата е знак на бацилоносителство кај вработените, односно кај лицата кои подготвуваат и послужуваат храна, велат од АХВ.

Надлежните информираат дека угостителскиот објект ќе биде затворен се додека не ја подобри хигиената и не ја потврди безбедноста на храната.

Според епидемиолошките податоци во петокот 215 лица јаделе од посочената сендвичарница, а 120 подоцна побарале лекарска помош. Осумнина се хоспитализирани на инфективното одделение во штипската клиничка болница.

 

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1