Ѓорѓе и Оливера Балашевиќ вчера ја прославија 36. годишнината од бракот. Како што открија, венчавката им била скромна, Ѓоле правел вицови и на сопствената свадба.
-Доцневме на својата венчавка… Тогаш Јована веќе беше родена, кога се венчавме и јас поради албумот за девојчето и сликите сакав да бидам во бело, мислам дека тоа е сон на секоја девојка, а Ѓоле беше понепосреден, тој имаше фармерки и елече, патики и секако стави беџ – Мапети.
-И се согласивте така да се венчате;
-Зошто да не? Па тоа е тој, на се друго не би се согласила!
Свадбата беше скромна, закажана во четврток на 7 мај 1981 година, со оглед на тоа дека на Ѓорѓе му умре мајката. Кумови ни беа Биљана Крстиќ и Јосип Бочек, а Ѓоле ги измами така што им рече дека треба да снимаат емисија на телевизија и да си донесат лични карти. Јас имав ужасна трема, а Ѓоле правеше вицови дури и на сопствената свадба. Кога се отвори вратата кај матичарот и ги слушнавме звуците на „Свадбениот марш“, ен дочека матичарот и неговата асистентка со лени, а Ѓоле мораше да искоментира: Охо – види Мис и првата придружничка! Кога прашаа дали некој има нешто да пријави, тој на матичарот му ги подаде клучевите од автомобилот и му рече дека нешто не е во ред со лер -гасот, ауспухот не работи добро…И така и ние се „легализиравме“, се потсетува Оливера Балашевиќ.