Балерината Мими Поп Алексова стави бурма на рака и чека принова – дупла


svadba2

Балерината Мими Поп Алексова минатата недела ги собра роднините, пријателите и колегите во хотелот “Арка” за пред сите нив да му се заколне на вечна љубов на својот дечко Душко.

Пред почетокот на свадбената веселба, двојката на верност се заколна и пред Бога, во црквата “Св. Петка”.

Балетската првенка носеше венчаница, креација на Ненад Секирарски, додека пак нејзиниот избраник беше облечен во смокинг.

Носев преубава романтична креација и морам да кажам дека се излезе супер и навистина бев презадоволна”, вели Мими.

svadba

Таа и нејзиниот сега веќе сопруг Дуле се познаваат долги години, но пред да стапат во брак во врска биле само една година.

Ние се познаваме уште како деца. Околу десетина години бевме пријатели, а љубовта си дојде сама од себе. По една година забавување ме запроси на плоштадот во Виена за Нова Годинаа, ни откри балерината која освен како сопруга, многу наскоро ќе треба да се испроба и во улогата на мајка. очекува принова и тоа дупла 🙂

Бременоста ми се случи токму на време. Со оглед на мојата професија сметам дека 26 години се одлични години за мајчинство и повторно враќање на сцената. Едвај чекам да станам мајка”, заврши Поп Алексова.

Вечер

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1