Бали бег е серозно болен- се повлекува од јавноста


Популарниот турски актер , Бурак Озџивит , по кого воздивнуваат жените во целиот свет, е сериозно болен и најави целосно повлекување од јавноста.Бурак Озџивит , познат по улогата на Бали бег во серијата ,,Сулејман Величествениот” поминува низ многу тежок период во животот. Актерот во последно време страда од тежок облик на депресија . Според турските медиуми , по загубата на татко му , кој му бил пример во животот , сега е болен и неговиот таст. Озџивит повлекувањето од сцената го најави на социјалните мрежи .

,, Се чуствувам депресивно . Ми треба одмор и секако наскоро нема да ме видите да работам .” , порача популарниот Бали бег. Медиумите во Турција пишуваат дека Озџивит во последно време е непрепознатлив , а како причина се спомнува ,,синдромот на согорување”.

На неговата лоша состојба придонесоа и деловните неуспеси , како и семејните драми. Затоа , Бурак решил да се повлече од јавноста и да оздрави во друштво на својата сопруга , актерката Фахрије Евџен.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1