„Балкан петролеум“ не ги исполни законските услови за преземање на „Макпетрол“


Комисијата за хартии од вредност одлучи на ,,Балкан Петролеум,Холдинг Лимитед“да не му се издаде дозвола за давање понуда за преземање на ,,Макпетрол“ бидејќи не ги исполнин законските услови.

Како што соопштија од Комисијата, ваквата одлука КХВ ја донесла откако на 18 декември, 2017 година со допис од страна на другиот државен орган била известена дека e решeно претходното прашање.

„Комисијата констатира дека не се исполнети условите од Законот за преземање на акционерски друштва, според кои Проспектот и Понудата за преземање треба да се изготвени во согласност со законот. Имено, според член 21 став 2 од Законот за преземање на акционерски друштва, акционерите на целното друштво мораат да бидат целосно, точно и навремено информирани за понудата за преземање за да имаат доволно време правилно да ја оценат понудата, да ги дефинираат своите интереси и да донесат одлука за прифаќање или одбивање на понудата за преземање. Овие информации акционерите ги добиваат токму од Проспектот кој во себе содржи детални податоци за понудувачот и за понудата за преземање, за изворите на финансирање на понудата за преземање, целта на понудата за преземање, намерата и плановите на преземачот во врска со целното друштво и сл.“ појаснија ов КХВ.

Комисијата на денешната седница оценила дека во овој случај не може доследно да се применува член 27 став 3 од Законот за преземање на акционерски друштва, поради што Комисијата за хартии од вредност како регулатор на пазарот на капитал не смее да толерира на акционерите да не им се достапни сите потребни и релевантни податоци за ,,Балкан Петролеум Холдинг Лимитед“ за да донесат одлука за прифаќање или одбивање на понудата за преземање на ,,Макпетрол“ , додаваат од КХВ.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1