Регионот од Турција преку Грција и Албанија, до Хрватска, Словенија и Италија, во последниве денови беше протресен од повеќе силни и умерени земјотреси, од кои некои имаа магнитуда поголема од 4,5 степени според Рихтер. Што се случува? Дали оваа застрашувачка низа е причинета од разорниот потрес во Чиле, и дали е ова најава за некој поголем земјотрес?
Сепак, сеизмолозите еден ден порано во Јадранското море забележаа уште еден силен потрес со магнитуда од 4,6 степени, а на 18 април уште еден од 4,4 степени во Грција.
Според една нова студија, овие потреси можно е да се поврзани со разорниот земјотрес од 8 степени кој на први април го погоди Чиле.
Геофизичарот Рос Стаин, од У.С.Геологикал Сурвеј, на 12 април на своите колеги им испратил и-меил кој го започнал со овие зборови: „Момци, се чини дека изминатите денови ширум светот се јавија многу големи потреси“.
Експертите веќе со години знаат дека сеизмичкиот бран на еден потрес, може да предизвика земјотрес на друго место. Стеин уште во 2012 година учествувал во едно истражување кое покажало дека процентот на силни земјотреси во светот пораснал по исклучително моќниот земјотрес во Индискиот океан од 8,7 степени. Зголемувањето траело околу седум дема, а по тоа зачестеноста паднала под просечната вредност.