Балканот плаче: Откопано телото на малата Тијана – убиецот месар уапсен


Министерството за внатрешни работи на Србија ги пронајде киднаперите на Тијана Јуриќ (15), јави прва вчера српската државна телевизија РТС. Кон местото вчера итно се упатиле министерот за внатрешни работи Небојша Стефановиќ и директорот на полицијата Милорад Вељовиќ.
tijana 54Иако сите се надеваа дека малата Тијана конечно ќе биде пронајдена жива – сите надежи паднаа во вода. Исчезнататото девојче Тијана Јуриќ (15) е убиена, утврди полицијата.Телото на малата Тијана околу полноќ е пронајдено заопано во близина на Сомбор. 
Според информациите полицијата вчера најпрво објави дека е пронајден киднаперот. За неколку часа подоцна како што дознава Курир да се утврди дека девојчето е убиено, а нејзиниот киднапер и убиец е уапсен од полицијата.Убиецот е месар од Сурчин кој бил гостин во местото Бајмок каде исчезна девојчето. Телото го закопал во близина на Сомбор.Полицијата убиецот го нашла и уапсила во Сурчин. Тој по неколкучасовно испрашување признал дека ја грабнал и убил Тијана. Кажал дека ја киднапирал во близина на спортската сала – само неколку метри пред девојчето да стаса до својот другар кој ја чекал. Открил и каде ја закопал, па нејзиното тело полицијата го пронашла околу полноќ.

Убиецот бил пијан – откако испил неколку пијачки со автомобилот ја начекал Тијана ја присилил да влезе во автомобилот по што ја однел 10 километри подалеку и ја убил. Највероватно е задавена, по што телото го закопал.

Тијана за последен пат е видена на 26-ти јули, 25 минути после полноќ, недалеку од спортскиот центар “Рата” во Бајмок.

 

 

 

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1