Вардар ќе гради тренинг центар вреден 1 милион евра – еве како ќе изгледа ФОТО


Најтрофејниот македонски клуб Вардар во првиот квартал од 2015-та година ќе добие модерен спортски комплекс според сите стандарди на ФИФА и УЕФА.

Изградбата на овој спортски комплекс ќе започне кон средината на месец октомври оваа година, а сите градежни зафати треба да завршат до март следната година кога ќе биде пуштен во функција.

vardar-kompleks4-500Како што информираше извршниот директор на Вардар Самоил Симев изградбата на спортскиот комлекс е договорена уште од времето на продажбата на ФК Вардар на Сергеј Самсоненко од страна на Град Скопје, што воедно беше еден од условите за влегување на Русинот во македонскиот најтрофеен клуб.

– Постулатите на овој проект беа поставени при самото потпишување на купо-продажниот договор со град Скопје, тренинг центарот е дел од развојната програма на Ф.К. Вардар и има за цел на долг рок да обезбеди активен прогрес во делот на тренажниот и натпреварувачкиот процес. Ф.К. Вардар во својата историја на постоење до сега немал свои репрезентативни простории и за нас раководството на клубот, покрај правењето на тим кој ќе се бори за двојната круна во македонското фудбалско првенство, една од главните приоритети ни беше и изградбата на овој тренинг центар, кој покрај спортскиот дел, ќе има и административен дел, каде ќе се наоѓаат канцелариите на клубот. Овој тренинг центар ќе се гради по сите европски и светски стандарди, и ќе ги задоволи сите потреби на фудбалерите, како од првиот тим, така и на фудбалерите од сите младински категории, изјави извршниот директор Самоил Симев.

vardar-kompleks5

Спортскиот комплекс ќе биде според сите стандарди на ФИФА и УЕФА, но и по примерот на објектите на големите европски клубови.

-Овој спортски комплекс ќе има два терени со природна и еден со вештачка трева, по стандардите на ФИФА и УЕФА. Ќе има спортски простории, односно соблекувални и сите пропратни работи. Ресторани, надворешен и внатрешен, ќе има соби, 14 двокреветни и три апартмани за стручниот штаб и раководството. Ќе има кујна за потребите на фудбалерите и паркинг според сите стандарди, изјави претседателот на Вардар Мирко Спасески.

vardar-kompleks-500

За прв пат во историјата Вардар ќе добие сопствени административни простории, сопствен тренинг центар чија изградба ќе чини еден милион евра. Градежните работи ќе ги врши компанијата „Торус Инжинеринг“. Локацијата за изградба на овој спортски центар ќе биде дополнително утврдена.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1