Свинскиот врат со листерија повлечен од продажба – што е следен чекор?


Свинскиот врат кај кој беше изолирана бактеријата листерија, чиј генетски профил се совпаѓал со оној кај 8-те инфицирани пациенти во Македонија, до вечерва се повлекува од продажба во сите маркети.

06.08ekstra1Се работи за вакумиран сечкан свински врат, производ на „Екстра меин“ од Куманово, кој бил откриен во малопродажбата во Гевгелија. Опасната бактерија била откриена во лот произведен на 21 јули со рок на траење до 4 септември. Генетскиот тип на листеријата пронајдена во овој производ во 98% ги содржел истите карактеристики како оној кај пациентите.

listeria„Иако се работи за производ кој е произведен во средината на јули односно по избивањето на сите овие случаи, генотипизацијата која ја добивме од страна на Факултетот за ветеринарна медицина дава одредена насока во која треба да се насочи натамошната истрага за да се утврди изворот на бактеријата. Според она што го имаме како апаратура, како инструменти и како стручен кадар сметам дека Република Македонија има капацитет да ја заврши работата“, вели директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство Дејан Рунтевски.

Веднаш е наредено сопирање на производството за да може да се земат мостри од работните површини, од машините, од сите оние делови каде што евентуално може да се најде листеријата за да се изврши споредување со изолатите земени од кај луѓето. Исто така, наредено е земање мостри и на сите производи од оваа фабрика кои одат на пазарот.

Според Законот за безбедност на храна, доколку операторот пушта во промет небезбеден производ, казните се 8.000 евра за правното лице и 2.500 евра за одговорното лице во правното лице. Но, овој производител се соочува и со кривичната пријава која против засега непознат сторител ја поднесе Министерството за здравство, поради четирите смртни случаи што ги предизвика листеријата.

Од кумановската месна индустрија „Екстра меин“ засега не ги коментираат добиените резултати.

Faktor.mk

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1