Балканот веќе неколку дена се соочува со поплави во кои има и повеќе десетици жртви, волонтери од сите страни на светот се собрани за да помогнат во нормализираање на состојбата. Се собираат донации во храна, облека, производи за хигиена, парични средства.
Но, Американците имаат друг проблем. Тие не се заинтересирани за состојбата која се случува на Балканот. Нивната главна преокупација деновиве е тоа што Србија ги крши правата на хомосексуалните заедници.
Мајкл Кирби, амбасадор на САД во Србија, и покрај елементарната непогода со која е зафатен Балканот, повеќе е загрижен за ЛГБТ заедницата.
„Оваа година голем број на ЛГБТ организациите ќе го одбележат Ајдахо денот во Србија со музички концерт под мотото „Со музика против хомофобија“, предавања и други видови на јавни случувања. Ги охрабрувам сите да се вклучат и да им се придружат на членовите на српските ЛГБТ заедници. Подигнете го вашиот глас против омразата и дискриминацијата. Секој заслужува да живее без страв, ЛГБТ правата се човекови права”, изјавил Кирби, објавија српските медиуми.
Ајдахо денот се одбележува на 17 мај, а токму на тој ден во Србија беше еден од најкритичните.
Од друга страна пак, ЕУФОР, одбива да и’ помогне на Босна и Хецеговина поради одредени стандарди и процедури.
Како и во Србија, така и на Босна и Хецеговина и е потребна помош во справување со проблемите кои настанаа со поплавите на нејзината територија. Министерството за безбедност на БиХ, се обрати до ЕУФОР за помош, но оттаму добија негативен одговор, поточно тие одбија да ги стават на располагање своите хеликоптери, а со тоа да помогнат во евакуација на настраданите.
„Силите на Европската Унија нема да се вклучат во спасувањето на загрозените граѓани, бидејќи мораат да се испочитуваат одредени стандарди и процедури”, велат од ЕУФОР.
Оттука се поставува прашањето, каде исчезна хуманоста во светот и до кога ќе ни се продава лажна грижа од Западот?
Tocka.com.mk