Осомничениот признал дека го убил Ангел – детали за вчерашното убиство


Од обид за кражба на велосипед до убиство. Министерството за внатрешни работи денеска излезе со официјални податоци за вчерашното убиство во скопско Ѓорче Петров, за што е приведен и кривична пријава е поднесена против 19-годишно лице од Скопје.

Министерката Гордана Јанкулоска истакна дека на убиството му претходел обид за кражба на велосипед од дворот на починатиот Ангел.

ubistvo f-Нешто по 17 часот лицето кое се обидувало да го украде велосипедот било забележано од страна на жртвата, по што не успеал да го украде. Ангел со татко му со автомобил „Пежо“ тргнале по осомничениот и го забележале на паркингот кај Европската очна болница, по што го паркирале автомобилот и тргнале кон пешачката патека, која се наоѓа пред мостот, истакна Јанкулоска.

Тука започнала вербалната расправија, осомничениот во еден момент извадил остар предмет, најверојатно нож, и го прободел Ангел во пределот на десниот граден кош, по што избегал.

Таткото го зел синот и тргнал кон очната болница да побара помош, но Ангел им подлегнал на повредите.

Неговата смрт е констатирана од лекари кои биле повикани од очната клиника, а настанот бил пријавен првично од очевидец кој бил во непосредна близина.

Телото на починатото момче е предадено на обдукција, а од местото на убиството подигнати се траги слични на крв, кои се предадени на понатамошно вештачење.

-Од дворот подигнат е и велосипедот, кој осомничениот се обидел да го украде, а по неговото приведување во непосредна близина на настанот од него се земени и дополнителни отпечатоци, заклучи Јанкулоска.

Предметот со кое е извршено убиството се уште не е пронајден. Јанкулоска вели дека станува збор за голема тревна површина која се уште се испитува и очекува истото да биде пронајдено во близина на местото каде е извршено убиството.

Имено, осомничениот за убиството и претходно и е оперативно познат на полицијата за дела од областа на имотните деликти.

Во врска со собирот на изреволтираните граѓани по убиството, министерката нагласи дека во нарушувањето на ЈРМ оштетени се возила и објекти, а приведени се 18 лица, од кои 5 малолетни, останатите на возраст од 18 до 36 години, на кои им се издадени платни налози.

Во врска со сознанијата за организирање на протести денес попладне, Јанкулоска апелираше граѓаните да ја задржат смиреноста.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1