Највисока температура измерена е во соседна Србија, каде термометарот во градот Лозница во 14,00 часот покажа 43 степени, а во Сомбор и Зрењанин биле измерени 41 степен. Во градот Сјеница, кој е познат по исклучително ниски температури, денеска се измерени 30 степени.
Топлиот бран продолжи денеска и во Словенија, каде во марибор живата на термометарот надминала 40 степени, што е рекорд откако се мерат температурите во овој град. Поради исклучително топлото време градските власти работеле до 13 часот, а продавниците кои продаваат клима уреди ги продале и последните апарати за разладување
Во Љубљана денеска се забележани 37 степени, по вчерашните 39,5. Во повеќе места во Словенија денеска биле измерени 38 степени.
Рекордни температури забележани се и во Босна и Херцеговина, а најтопло било во Бихаќ, каде во 14 често е измерен 41 степен. Во Бања Лука, Мостар и Неум измерени се 40 степени.
Хрватските медиуми јавија дека во Книн биле измерени 41 степен, а на планината Слијеме биле измерени рекордни 31,4 степени.
Метеоролозите предупредуваат дека во рок од 48 часа ќе уследи исклучително големо невреме. Ноќта во петокот кон сабота се очекува силен дожд, град и силни ветрови.
На интернет-страницата на Европскиот систем за предупредување од опасни метеоролошки појави „Метеоаларм“ Србија, Хрватска, Словенија и Унгарија се означени со црвено, што означува исклучително опасно време.
Предупредувањето е дека топлото време може да нанесе големи шетети на означената територија, вклучително и опасност по животот на луѓето.
Предупредувањето во најголем степен се однесува на реонот на Загреб, Карловачкиот округ, Госпиќ и Риека.
Во петок кон сабота во Хрватска се очекуваат силни бури, пороен дожд, град со големина од 12 сантиметри и силни ветрови.