Жиголо од Србија си ја отвори душата и раскажа што се има преживеано. Се работи за младо, образовано и амбициозно момче, кое себе си се нарекува машка ку*ва.
Според податоците на српскиот Ало, тој дошол во Србија за 18 роденден на неговата сестра. Започнал да запознава постари богати жени кои по помината ноќ со него му давале скапи подароци. Тој начин на живот му се допаднал, па во бизнисот влегол и без да забележи. Сепак, иако му годело да зема луксузни подароци, еден ден се разбудил и одлучил дека не треба да зависи од великодушноста на жените, па затоа се решил и самот да го бара тоа што го заслужува. Со текот на времето бизнисот добро му тргнал, па започнал да работи и со мажи.
– Работам само со препорака. Мојата најниска цена е три пати поголема од платата на татко ми, вели тој за српскиот Ало низ смеа.
Вели дека ова би го работел уште пет години најмногу, бидејќи потоа веќе ќе стане мрзелив. Вели дека не го гризе совеста за неговата професија.
Жиголото раскажува дека се сретнува со секакви ситуации. Еднаш жена која го фатила својот маж како ја изневерува, а инаку како што вели е познато лице коа секојдневно го има на екраните, за да му се одмазди го натерала да гледа додека таа има секс со него, а тој се согласил.