Земјата од денеска живее на кредит


Влеговме во еколошки минус и од денес живееме на кредит!

Имено, светското население досега ги потрошило сите природни ресурси кои планетата може да ги произведе за една година.

earth_06122012Оваа година влеговме во „црвена зона“ многу порано отколку во 2013 година и дури еден месец порано од 2000 година.

Ова го соопштиле од Светскиот фонд за заштита на природата (World Wide Fund for Nature).

“Earth Overshoot Day” е датумот во годината кога човештвото потрошило повеќе природни рсурси отколку што Земјата може да ги обнови за истиот период.

Овој фатален датум, секоја година се поместува во негативна насока, а првиот праг е одреден прв пат на 19 декември 1987 година како последица на демографксиот и економскиот раст во почетокот на седумдесетите години од 20-от век.

Според податоците на Светкскиот фонд за заштита на природата, потребна е една ипол планета за да се произведат доволно ресурси за потребите на човештвото.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1