Еболата сее страв на Балканот – 18 изолирани во Хрватска, шестмина во Србија


Вкупно 18 лица кои во изминатите месеци престојувале во Африка биле задржани под превентивен надзор поради опасноста од вирусот ебола, откако се вратиле во Хрватска,  јавува Јутарњи лист.

ebola343Станува збор за 17 морнари и работници на нафтена рафинерија во Нигерија, како и еден војник кој бил дел од мировна мисија на ОН во Либерија.

Иако немале никакви симптоми кога се вратиле во Хрватска, според инструкциите на хрватскиот Завод за јавно здравство санитарната инспекција на загребскиот аеродром ја информирала епидемиолошката служба за нивното пристигнување.

Од Завод за јавно здравство во Хрватска изјавиле дека доколку во следниот 21 ден, колку што трае инкубацијата, се појават зголемена температура, главоболка, кашлање или омалаксаност тие мораат да се пријават кај епидемиолог. А доколку за тој период не се разболат, опасноста за нив минала.

Во Кикинда, Србија под надзор се шест лица, како превенција од пренесување на ебола, но и на други зарази како на пример маларијата, пренесуваат српските медиуми. Овие луѓе кои немале контакт со локалното население немале контакт со локално население. За сега според епидемиолошкото одделение на српскиот Завод за јавно здравје, немале никакви симптоми и нема место за паника во Србија. И во Србија надзорот трае 21 ден.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1