Четиринаесетгодишно девојче од Германија наводно било силувано од група млади Срби на возраст меѓу 14 и 21 година, кои во земјата дошле како мигранти, пренесува „Дејли мејл“. На грозоморниот чин присуствувала и уште една девојка, која снимала со камера.
Малолетното девојче го оставиле полуголо на улица во Хамбург, каде за малку ќе премрзнела до смрт.
Полицијата е во потрага по двајца млади српски мигранти, Борис Павловиќ (21) и Александер Николас Камф (16). Тие и останатите тројца силувачи, кои веќе се уапсени, ќе бидат судени за обид за убиство.
Како што пренесуваат локалните медиуми, девојчето дошло на гости кај пријателката, исто така од Србија, во нејзиниот стан, каде момчињата прво ја терале да пие, а подоцна се менувале сексуално злоупотребувајќи ја.
Девојката била пронајдена на улица без свест, а потоа е однесена во болница каде и било дијагностицирана хипотермија