Илјадници руски туристи се заглавени на грчки острови, пред се на Кос, на Крит, на Крф и најголем број на Родос откако банкротира рускиот туроператор „Лавиринт“
Пропаднатиот руски туроператор е под надлежност на компанијата „Идеал тур“ кој ги купила авионските карти. Но, „Идеал тур“ должи од 35 до 70 милиони евра на „Оренер“, фирма-ќерка на државната авиокомпанија „Аерофлот“.
Синоќа стотици руски туристи чекале на аеродромот на Родос без да знаат дали ќе бидат превезени до Русија.
Се претпоставува дека во Грција во моментот се блокирани околу 11.000 руски туристи.