Банкротирала агенцијата преку која отишле на одмор – 11.000 руси заглавени во Грција


Илјадници руски туристи се заглавени на грчки острови, пред се на Кос, на Крит, на Крф и најголем број на Родос откако банкротира рускиот туроператор „Лавиринт“

aerodrom_londonГрчките медиуми наведуваат дека хотелиерите, каде се сместени руски туристи, се жалат дека нема кој да ги покрие нивните трошоци.

Пропаднатиот руски туроператор е под надлежност на компанијата „Идеал тур“ кој ги купила авионските карти. Но, „Идеал тур“ должи од 35 до 70 милиони евра на „Оренер“, фирма-ќерка на државната авиокомпанија „Аерофлот“.

Синоќа стотици руски туристи чекале на аеродромот на Родос без да знаат дали ќе бидат превезени до Русија.

Се претпоставува дека во Грција во моментот се блокирани околу 11.000 руски туристи.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1