Барањето за импичмент на Иванов влезе во собраниска процедура


Постапка за утврдување одговорност е отворена за претседателот на државата, Ѓорѓе Иванов за аболицијата. Координаторот на пратеничката група на СДСМ Горан Сугаревски вели дека очекува процедурата да започне неделава.ivanov-gjorge1-640x401

На иницијативата на пратениците на СДСМ за утврдување на одговорноста на претседателот на државата Ѓорге Иванов по донесувањето на аболицијата за 56 лица, досега се потпишале повеќе од 50 пратеници и тоа е доволно за да влезе во собраниска процедура, но го нема и потребното двотретинско мнозинство, односно 82 гласа, кое е потребно за оваа иницијатива да има позитивен епилог.

Барањето на СДСМ беше поднесено на 13 април Претседателот на Собранието е должен за оваа иницијатива да формира комисија, која за 7 дена од формирањето мора да даде извештај. Парламентот ќе мора да заседава за 7 дена од поднесувањето на извештајот. Пратениците ќе расправаат за оваа иницијатива, а на седницата претседателот на државата може да одговори и писмено или лично да се обрати пред пратениците.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1