Барате автомобил што трае: Ова се најиздржливите по помината километража


За истражувањето се анализирани резултатите од 15 милиони технички прегледи, а во самата класификација влегуваат сериски модели произведени во над 1.000 примероци и се продаваат на територијата на Германија.

На крајните резултати не влијаат недостатоци, кои не се поврзани со конструкцијата на возилото, односно оштетувања поради пукната гума и слично. Класификација е направена во зависност од километражата – до 50.000 километри, од 50.000 до 100.000 km и од 100.000 до 150.000 km.kola volan sofer mk2

Автомобилите кои  собраа најмногу поени во сите три поделби, согласно критериумите и анализите, се прогласени и за најсигурни. Во случајот тоа е Mercedes-Benz E-класа, а по него се редат Audi Q5 и Mercedes-Benz GLK. Има поделба и по класи на автомобилите.

Во субкомпактната класа најдобри остварувањa имаa

Audi A1 (километража од 0 – 100 000 km) и

Mazda 2 (100.000 – 150.000 km).

Во компактната класа најсигурни се

BMW 1 (0 – 50.000 km),

Mazda3 (50.000 – 100.000 km) и

Volkswagen Golf VI (над 100.000 km).

Во D-сегментот одличниците се Volvo S60 (0 – 50.000 km), BMW 3 ( од 50.000 до 100.000) и Audi A5 (над 100.000 km). Кај кросоверите најдобро рангирани се Audi Q5 и Mercedes-Benz GLK, кои се на второ и трето место во генералното оценување.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1