Барате добро платена работа? Бесплатна храна, сместување и работа за сите во градот на духовите!


Се бараат волонтери кои ќе работат во напуштениот рудник со злато кој има морничава историја.

Гарнет бил напуштен речиси стотици години. Малиот бастион во Монтана во 1860 година го населиле рударите на злато и сребрно, но кога го зафатил пожар во 1912 година е напуштен набрзо после злата несреќа.

Денеска градот е обвновен, меѓутоа останува ненаселен, а урбаните легенди велат дека го опседнуваат духови на историските станари.timthumb.php

Сега американскиот Уред за управување со земјиШте нуди бесплатна храна, семстување и работа на луѓето кои се подготвени да живеат во Гарнет и да работат како туристички оператори, бидејќи власта сака селото да го претвори во туристичка атракција.

Кога огласите за работа се објавени во локалните медиуми, никој не можел ни да претпостави каква ќе биде реакцијата на јавноста.

Откако приказната станала јавна, е споделена 32 илјади пати на Фејсбук, а Канцеларијата за управувување со земјиште била потрупана со меилови и повици. Интересно е тоа што за оваа шанса се јавиле повеќе луѓе од светот отколку локалци, кандидати се јавувале од Кина, Германија па дури и од Јужноафриканската република.

Портпаролката на канцеларијата рекла дека пријавите засега се затворени поради огромниот одзив, но не кажала дали позициите се пополнети. Дали работните места ќе бидат пополнети и не е јасно, но ако и се верува на Елен Баумлер, експертката за натприродното и писател на таа тема, духовите на Гарнет не го напуштиле „својот град“.

„Доцна во ноќта тие излегуваат да уживаат на месечината. Понекогаш знае да се слушне клавир од салонот на Кели бидјеќи таму духовите играат и уживаат во музиката, но во моментот кога жив човек ја допирне зградата, целиот звук исчезнува“, напишала Баумлер.

Faktor.mk

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1