Барате работа? 15 вработувања во Агенцијата за лекови


Агенцијата за лекови на Република Македонија распиша оглас за вработување 15 лица со и без работно искуство, кој ќе трае 30 дена, почнувајќи од денес.

Како што информирше директорката на Агенцијата за лекови Марија Дарковска – Серафимовска во огласот се бараат три  раководители на одделение, односно по едно со завршен Економски и Правен факултет и со Природно математички науки, информатика или технично-технолошки науки. Лицата кои ќе аплицираат за оваа позиција треба да имаат најмалку четири години работно искуство во струката од кои една година во државна служба.oglas500

Четири работни за работно место советник, од кои потребни се три со завршен Фармацевтски факултет и едно со Фармацевтски или Медицински факултет, со најмалку три години работно искуство.

Отворени се и работни места за четири лица за виш соработник, од кои две со завршен Фармацевтски факултет едно со Фармацевтски или Медицински и едно со завршени општествени, економски или правни науки со две години работно искуство.

Потребни се и четири помлади соработници, од кои тројца со Фармацевтски факултет и eден со Фармацевтски, Медицински или Стоматолошки факултет, за што не е потребно работно искуство.

 

– Ги охрабруваме кандидатите кои се заинтересирани и ги исполнуваат условите пропишани во огласот, да се пријават на конкурсот. Сите кандидати ќе имаат еднаква можност да бидат примени согласно нивните способности, образование, искуства и личен капацитет без разлика на полова, верска, партиска и национална припадност, имотна состојба и други околности. Ќе бидат ангажирани само најспособните и најсоодветните кандидати за позицијата за која се аплицира, рече Дарковска – Серафимовска.

Сите заинтересирани кандидати можат да поднесат пријава за вработување државен службеник во писмена форма преку писарницата на Агенцијата за администрација, по пошта на адреса Агенција за администрација ул.„Јуриј Гагарин“ бр.15. (со назнака за оглас број 198/2014) или во електронска форма преку интернет локацијата на Агенцијата за администрација http://prijava.aa.mk.

Целта на Агенцијата за лекови, која е основана на 16 септември годинава е контрола на сите лекови и медицински помагала кои се ставаат во промет на територија на РМ за обезбедување на квалитетни, безбедни и ефикасни лекови за чување на здравјето на граѓаните.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1