Топ 50 огласувачи на ТВ: Кој троши најмногу на реклами во Македонија?


Податоците за 50-те најзначајни огласувачи на шесте телевизиски станици што емитуваат програма на државно ниво (Македонската телевизија, Сител, Телма, Канал 5, Алсат-М и Алфа) ги обезбеди агенцијата Аналитика ДОО од Скопје, а ги пренесува порталот Маркетинг365.

Во 2013 година на овие шест телевизиски станици биле емитувани вкупно 348,452 рекламни спотови, со вкупна должина од 9,769,598 секунди.50-te-najznacajni-glasuvaci-na-tv-vo-2013-300x288

Бруто вредноста на овие рекламни спотови, која се пресметува според цените во официјалните ценовници на телевизиските станици, што значи дека при пресметувањето не се земени предвид попустите кои телевизиските станици им ги одобриле на огласувачите, изнесувала 318,07 милиони евра. Според податоците кои радиодифузерите ги доставија во Агенцијата, а чија валидност беше проверена од податоците во завршните сметки на радиодифузерите, вкупните приходи од рекламирање на овие шест телевизии изнесувале 1.1250,99 милиони денари, односно 20,51 милиони евра.

Ова значи дека наплатената вредност на емитуваните рекламни спотови била петнаесетипол пати помала отколку нивната вредност според цените во официјалните ценовници на телевизиските станици, односно дека била наплатена само 6,45% од вредноста на рекламните спотови според официјалните ценовници.

Во табелата погледнете ја листата на огласувачите.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1