Барател на азил во Германија скокна од третиот кат на центар за мигранти


Барател на азил од Нигерија, кој требало да биде депортиран од Германија, серизоно е повреден откако вчера скокнал од прозорец на третиот кат на зграда, додека властите се обидувале да го уапсат.

Полицијата соопшти дека 25-годишниот маж се затворил во својата соба во центарот за сместување на мигранти во градот Зигмаринген, југозападна Германија.

Кога полициските службеници влегле во неговата соба, тој се качил на прозорецот. Еден полицаец успеал да го фати за ременот, но тој се скинал и Нигериецот скокнал. Од падот од шест метри нозете на мигрантот му биле тешко повредени.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1