Баскерфест од денес во Скопје


Над 150 артисти, музичари и театри од целиот свет ќе настапат на Фестивалот на улична уметност под отворено небо „Баскерфест 2014“, чиј домаќин од денес до 15 јуни е Скопје.

basker festУличниот театар стартува во 21 часот на плоштадот Македонија на платото кај скалите кај Камени мост,  со настапот на Алдруби  (Танцот на балоните) од Нови Сад.

Турнејата ќе трае до 30 јуни, кога во Охрид, Дојран и Битола и официјално ќе заврши Караванот на среќата под отворено небо.

Македонците  ќе  уживаат во уличните претстави на „Баскерфест“ и во Велес (6-7 јуни), Свети Николе (7 јуни), Облешево/Чешиново (10 јуни), Кавадарци (13, 14 јуни), Радовиш (14 јуни), Неготино ( 18 јуни), Виница (19-20 јуни), Берово, Македонска Каменица, Прилеп (20-21 јуни), Крива Паланка, Пехчево, Тетово (21 јуни), Крушево (22 јуни), Дојран (27-30 јуни), Ресен (28 јуни), Охрид (28-29 јуни), Делчево (29 јуни), а крајот е резервиран за Битола (29-30јуни).

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1