Бастунот на Шеќеринска и е од Бит Пазар


sekerinskabastunРадмила Шеќеринска поради собранискиот циркус пред два дена мораше да дојде во Собранието со шината нога.

Шеќеринска за весникот Вест изјавила дека паднала на сред комисиска седница во салата Борис Трајковски. Вели дека пратениците покажале солидарност и за ова не зборувале во јавност.

„Отидов да испечатам и се лизнав по скалите и ја шинав ногата. Морав да лежам дома цела недела, ама кога видов на собранискиот канал, што се случува со расправата, се спотерав во Собрание. Бастунот ми го купи Бобо на Бит-Пазар, за да не одам со патерици, па да се вадат од памет луѓето. Сепак многу се солидарни колегите пратеници. Паднав пред полна сала, а никој не раскажал“ – вели Шеќеринска за Вест

ФОТО: Вест

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1