Скопје купува коњи за пајтонот


До Нова година „Паркови и зеленило“ очекува да ги набави коњите кои ќе ја влечат кочијата наменета за разгледување на Скопје.

kocijaПретпријатието распиша тендер за два коња од расата липицанери. Пресудно при изборот на коњите ќе биде степенот на нивната обука, но во голема мера ќе пресудат и расните карактеристики, а незначителна ќе биде цената.

Се знае дека имаат на располагање 20.000 евра. Целиот проект е 40.000 а за пајтонот веќе се платени 14.000 евра и нарачан е од скопски „Технометал“ кој ќе испорача рачно изработена кочија со подвижен црн покрив, водоотпорна кожа, фенери, дрвени врати и со капацитет за шест луѓе. Се очекува пајтонот да почне да вози низ центарот на Скопје најдоцна до пролет.

Утрински весник

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1