НАСА вечерва ја бомбардира Mесечината (ВИДЕО)


NASA вечерва (во 23 и 28 минути по наше време) ќе ја бомбардира Mесечината. Се работи за контролирано погодување на Mесечината со две роботизирани летала во склоп на мисијата GRAIL. Целта е да се дознаат повеќе податоци за тоа што лежи под површината на Mесечината.

nasa mesecinaОвие две летала ја проучуваа гравитацијата на месечината а сега НАСА намерно ќе ги урне на планински врв на северниот пол на Mесечнината, јавува Ројтерс.
Ударот на леталата нема да биде видлив од земја бидејќи северниот пол на Mесечината ќе е во сенка.

Како што е најавено, прво во Mесечината со брзина од 1,7 км во секунда недалеку од кратерот Голдшмит ќе удри сондата ,,Eb,, а 20 секунди подоцна ќе удри леталото Flou.

Како што е најавено НАСА ќе го снима ова контролирано ,,бомбардирање,,

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1