„Бато“ од Калиопи е вистинска љубовна приказна од Кичево


Песната „Бато“ (Rodjeni) ја постави Калиопи на ѕвезденото небо. Поминаа повеќе од 25 години и ден денес никој не останува рамнодушен на прекрасната нумера. Калиопи се има надминато себе си.

Kaliopi 1Авторот на овој текст сеуште го памети нејзиниот настап во родното Кичево, во домот на АРМ (тогаш ЈНА) за некој празник кога сите скокнаа од воодушевување од изведбата. Што ја натера Калиопи да испее така и да продре во секој од нас длабоко во душата? Како настанала песната? еве интересна сторија на Кичево.мк

Животот пишува приказни, а секоја песна има своја приказна. Според кажувањата оваа приказна потекнува од кичевската калдрма, а се работи за младешка забранета љубов и навистина е емотивна. Приказната потекнува од средината на минатиот век. Биле двајца млади, се заљубиле. Била навистина голема љубов, ги знаел градот.

bato

Но поради тоа што девојката била многу млада, домашните и забраниле да се гледа со момчето. Минувало време, болката никако не стивнала. Единствен човек кој ги поддржувал е токму братот на девојката, виден и почитуван човек во Кичево. Ја знаел болката на сестра си. Бидејќи и бил најблизок, бил нејзиното рамо за плачење, нему му се изповедала, на својот роден „бато“. Тука некаде настанала и оваа песна. На крајот, сепак биле заедно. Поминале неколку децении додека Калиопи ќе ја преточи во песна.

Кичево.мк сепак пишува дека очекува и Калиопи лично да ја раскаже приказната.

Извор – Кичево.мк

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1